СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕК пушти транша од 9 милијарди евра за земјите-членки погодени од пандемијата

Европската комисија исплати девет милијарди евра во вторникот во петтата транша од финансиската помош на земјите-членки според инструментот дизајниран за зачувување на работните места за време на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19

Чешка доби една милијарда евра, Шпанија 2,87 милијарди евра, Хрватска 510 милиони евра, Италија 3,87 милијарди евра, Литванија 302 милиони евра, Малта 123 милиони евра и Словачка 330 милиони евра, пренесува Танјуг.

Брисел вели дека заемите ќе им помогнат на земјите-членки да ги покријат трошоците директно поврзани со финансирање на националните шеми со скратено работно време и други слични мерки што ги воведоа како одговор на пандемијата на коронавирус, вклучително и за самовработените.

Досега, 16 земји-членки добија вкупно 62,5 милијарди евра според инструментот SURE во форма на заеми, и понудија 90,6 милијарди евра финансиска поддршка на 19 земји-членки.

Се очекува дека во текот на 2021 година, ЕК ќе собере повеќе од 25 милијарди евра за потребите на овој инструмент со продажба на заеднички обврзници на ЕУ на меѓународниот пазар на капитал.

Поврзани вести

Во јуни повисоки трошоците на живот и цените на мало

Геодетските компании бараат да бидат дел од Владиниот пакет за исплаќање на минимални плати од Буџетот

msp-admin

Компанијата „Волт Дизни“ укинува 28.000 работни места

msp-admin