СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Електричен автомобил којшто никогаш не треба да се полни

Компанијата Aptera, којашто во 2011-та година запре со развој на идејата бидејќи не успеа да обезбеди финансиски средства за својот електричен автомобил на три тркала, се враќа на пазарот со нов соларен електричен автомобил за којшто тврди дека никогаш нема потреба да се полни, пишува The Verge.

Се предвидува со најсилниот модел, возачот да помине 1.600 километри со батерија што има моќност од 100 киловати.

Нивниот градски двосед на три тркала има соларни ќелии, кои дневно може да врати во батеријата енергија доволна за поминување на 72 километри. За поголемиот дел од возачите, тоа е и повеќе од доволно за дневна потрошувачка, кога се работи само за градско возење.

Двоседот има заоблен облик, аеродинамичен и со коефициент на отпор од 0,13, додека тој коефициент кај Model 3 на Tesla е 0,23, а на ID 4 на Volkswagen е 0,28.

Поврзани вести

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

msp-admin

Volkswagen ги засилува амбициите во областа на електричната мобилност

Влатко Зорба

ЕСМ ќе донира три милиони денари помош за Албанија

msp-admin