СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Електричните автомобили наскоро поевтини од класичните?

Сосема е реално да се очекува дека електричните автомобили ќе чинат исто колку и автомобилите кои работат на фосилни горива, но веројатно тие ќе бидат уште поевтини поради намалувањето на трошоците за производство на батерии.

Се претпоставува дека тоа ќе биде поевтино од конвенционалните возила и без субвенции за набавка, покажаа анализите за периодот од 2023 до 2025 година.

Инаку, продажбата на електрични возила ширум светот се зголеми за 43 проценти минатата година. Пресвртната точка во продажбата веќе се случува во Норвешка, каде пониските давачки се одговорни за пониските цени на електричните автомобили.

Минатата година, пазарниот удел на овој вид возила во скандинавските земји беше 54 проценти, што е за пет проценти повеќе отколку во другите европски земји, пренесува SEEbiz.

Претходните цени не беа единствената причина зошто електричните автомобили не беа барани на пазарот. Меѓу причините е опсегот што може да се постигне со едно полнење на батеријата. Меѓутоа, неодамна започнаа да се произведуваат батерии, кои ќе можат да поминат до 320 километри со 5-минутно полнење.

Повеќето се согласуваат дека електричните автомобили ќе бидат уште побарани кога нивната цена ќе биде пониска без субвенции за купување. Професорот Тим ​​Лентон, од Универзитетот во Ексетер, само ја наведе Норвешка како пример за прогресивна даночна политика што може да поттикне набавка на овие возила. Според неговите податоци од 2019 година, електричните автомобили во Норвешка биле поевтини за 0,3 проценти, а нивниот удел на пазарот бил 48 проценти.

Податоците на агенцијата Блумберг покажаа дека намалувањето на трошоците за производство на батерии за возилата ќе значи дека нивната цена ќе биде скоро еднаква на цената на горивните автомобили до 2023 година. Од друга страна, професорот Лентон верува дека тоа ќе се случи во периодот од 2024 до 2025 година.

Аналитичарот на „Блумберг“, Џејмс Фит, истакна дека во последните 10 години, како што наведе, имало драстичен пад на цената на батериите и дека тој пад е значително поголем од очекуваниот. Значи, во 2010 година, цената на батеријата од 30 kWh за мал автомобил чинеше 30 000 долари, а за тие пари можевте да купите обично возило. Сега, според податоците на „Блумберг“, таквата батерија чини 4.100 долари.

Тој очекува дека трошоците за производство на батерии ќе паднат до 2023 година, а крајниот исход ќе биде дека батеријата за мал автомобил ќе чини околу 3.000 долари.

Поврзани вести

Петина од планетата може да има дигитални валути за три години

Влатко Зорба

144 милијарди долари: Рекорден буџетски дефицит на САД во декември

Влатко Зорба

Лагард: Закрепнувањето од пандемијата може да биде одложено

Влатко Зорба