СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ербас испраќа 3.000 работници на принуден одмор

Ербас ќе испрати околу 3.000 француски работници на четиринеделен принуден одмор, како дел од напорите за справување со кризата.

Ќе се користат за таа намена средства од програмата на владата за финансиска помош, соопшти водечкиот европски производител на авиони.

Компанијата соопшти дека ќе ги примени мерките за работниците во оние објекти кои „не можат целосно да се обезбедат“, во согласност со здравствените барања наложени од владата на 17 март, пренесува Ројтерс.

Потврдувајќи ја одлуката на британската агенција, компанијата прецизираше дека принудниот одмор ќе влијае на околу 3.000 работници во погоните во Тулуз, Нант и Сен-Назер.

Синдикатот ЦГТ соопшти дека станува збор за 20 проценти од работната сила на Ербас во Франција.

Компанијата вработува 130.000 луѓе ширум светот.

Ербас исто така изјави дека програмата за принудни одмори или „делумни активности“, доколку е потребно, може да биде продолжена и надвор од предвидениот рок, каде што рокот беше одреден за 17 мај.

Пакетот мерки на француската влада им овозможува на компаниите да го скратат работното време или да направат присилни паузи за работниците, со обврска да плаќаат дел од платите на вработените, кои можат да ги надокнадат со државна помош.

Синдикатите го поддржаа планот на Ербас, за кој извори на Ројтерс велат дека ќе им дадат на вработените околу 92 проценти од целосната плата за време на принудниот одмор.

Поврзани вести

УниКредит со нето загуба од 2,79 милијарди евра

Влатко Зорба

Граѓаните имаат доверба во финансискиот систем и во услови на криза

msp-admin

Деспотовски: Компаниите што ги финансираме уплатиле назад во буџетот околу 3 милиони евра повеќе отколку целата програма на ФИТР за 2019 година

msp-admin