Европскиот суд на ревизори проценува дека годишно во земјите на Европската унија се губат даночни приходи од 50 до 70 милијарди евра, само заради затајување данок на доход.
Ова предупредување на европските ревизори ги условува министрите за финансии на ЕУ да побараат од Португалија, како земја што во моментов претседава со ЕУ, да испита дали може да се донесе одлука за усвојување на директива во преговорите со Европскиот парламент, со што ќе се намали сегашниот даночен јаз на земјите од ЕУ. што главно се должи на трансферот на профит од земји со повисоки даночни стапки на оние со пониски даноци на доход. Идејата е да се реши овој проблем преку поголема транспарентност и јавен надзор, но исто така и преку обезбедување еднакви услови за водење бизнис во сите земји.
Европската комисија долги години предупредува дека членките на ЕУ губат повеќе од 50 милијарди евра даночни приходи секоја година, најмногу заради практиката на мултинационални компании кои имаат многу агресивно даночно планирање, па тие своите профити ги насочуваат кон земјите каде даноците се пониски .
Според Европската комисија, новата директива би била во согласност со меѓународните напори за зголемување на транспарентноста и напорите да се почитува принципот дека даноците се плаќаат таму каде што се остварува профит. Идејата е дека компаниите, особено мултинационалните компании кои работат во ЕУ, имаат обврска да состават посебен извештај кој ги обезбедува сите релевантни информации поврзани со приходите на компанијата. Извештајот треба да биде објавен на најмалку еден официјален јазик на ЕУ.
Сите компании чии глобални консолидирани приходи надминуваат 750 милиони евра и доколку работат во барем една земја на ЕУ треба да имаат обврска да ги пријавуваат приходите од данок. Оваа директива не се однесува на банките и осигурителните компании кои веќе имаат одредени обврски за известување.