СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Евроазиската економска унија формира заеднички пазар за нафта и гас

Земјите од Евроазиската економска унија започнаа да формираат заеднички пазар за гас, нафта и нафтени деривати, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Земјите-членки го одобрија концептот за формирање заеднички финансиски пазар на Евроазиската економска унија, а во тек се подготовки за создавање на заеднички пазар на електрична енергија. Почнавме програма за формирање на заеднички пазари за гас, нафта и нафтени деривати“, рече Путин на состанокот за интегративните процеси во ЕАЕУ.

Во декември, лидерите одобрија план за акција за усогласување на законите на земјите од Унијата во нафтениот сектор, а исто така одлучија да преминат во втората фаза на формирање на заеднички пазар на гас – создавање на инфраструктура, технолошка и правна рамка на пазарот.

Претседателот додаде дека во повеќето економски сектори, заедничките пазари се веќе формирани и успешно работат, додека во други области, практичните прашања се решаваат и се бараат оптимални модели.

Тој го наведе создавањето единствен пазар за производство и трговија со лекови и медицински помагала како пример за успешно наоѓање компромис меѓу земјите-членки на ЕАЕУ.

„Од 1 јануари годинава, регистрацијата на сите лекови во земјите на ЕАЕУ се врши во согласност со униформни правила и процедури. Ова е исклучително важно сега … кога нашите земји се соочуваат со заеднички предизвик – епидемијата на коронавирусот. И ние мора ефикасно да ги координираме напорите за заштита на животот и здравјето на нашите граѓани“, заклучи Путин.

Поврзани вести

Неверојатна заработувачка на Безос: 13,2 милијарди долари за само 15 минути

Никола Поповски

Бајден го зголемува данокот на најбогатите Американци

Влатко Зорба

Apple би можел да биде најголемиот конкурент на Tesla во трката со електричните автомобили

Влатко Зорба