СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европска земја ги замрзнува платите во јавниот сектор за наредните три години

Поради кризата предизвикана од коронавирус, Велика Британија нема друг избор освен да ги замрзне платите во јавниот сектор за период од дури три години.

Веста дека пет милиони вработени во јавниот сектор во Велика Британија се соочуваат со замрзнување на платите предизвика незадоволство кај тамошната јавност. Оваа мерка, дизајнирана како одговор на финансиските последици од пандемијата, се однесува на наставниците, полицијата, војската и државните службеници, но не и на здравствените работници, кои се ослободени поради нивните напори да се борат против коронавирусот.

Британскиот министер за финансии, Риши Сунак во среда ќе го претстави планот за ограничување на платите и враќање на буџетскиот биланс. Буџетските расходи значително се зголемиле за време на пандемијата. Според проценките на владата, тригодишното замрзнување на платите во јавниот сектор би заштедило 23 милијарди фунти. Резервната опција е да се ограничи растот на платите на само еден процент годишно, со заштеда од 11 милијарди фунти.

Како што се очекуваше, на планот се спротивставиле синдикатите, кои сметаат дека тоа е дополнителен удар врз нивните членови среде кризата. Многу ветувања ќе бидат прекршени, смета Кевин Кортни, кој предупредува дека Џонсон ветил дека ќе ги зголеми платите на наставниците на повеќе од 30.000 фунти годишно до 2022 година.

Британската влада досега потрошила повеќе од 210 милијарди фунти само за борба против пандемијата, а се очекува да потроши десетици милијарди повеќе до пролетта следната година. Поради овие трошоци и падот на БДП, Канцеларијата за буџетска одговорност на Владата очекува Министерството за финансии да мора да позајми 400 милијарди фунти оваа година. Исто така, се проценува дека буџетскиот дефицит ќе биде двојно поголем од оној во 2008 година. Велика Британија има повеќе од 5,4 милиони вработени во јавниот сектор, од кои повеќето работат во здравството и образованието.

Поврзани вести

Како работата од дома е регулирана во земјава?

msp-admin

Huawei Самит 2021 за жените програмери: Жените треба да се охрабрат да се вклучат во технолошките иновации

Најголемата зделка во светот на луксузот – 15,8 милијарди долари

Влатко Зорба