СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Фолксваген“ исплати најголем дел од оштетите по скандалот „дизелгејт“ во Германија

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ во вторникот објави дека е близу крајот со исплаќање во Германија на обештетување на сопствениците на автомобили, во кои има инсталирано уред за фалсификување на податоците за штетните емисии на гасови.

Досега се исплатени над 750 милиони евра за околу 240.000 случаи, според германската компанија.

Интернет-платформата на која сопствениците можат да аплицираат за надомест ќе биде затворена на 6 јули, по што апликантите ќе можат да испраќаат документи, како фактури на адвокатите, само по пошта.

Постапките за надомест на штетите во Германија се скоро завршени, објави „Фолксваген“.

Неколку илјади побарувања сè уште се проценуваат или обработуваат, но вкупниот износ на плаќања не треба да драстично да се промени следната недела, тврди „Фолксваген“.

Тие изјавуваат дека над 90% од случаите во кои апликантите имаат право на надомест на штета завршиле со спогодба.

Во зависност од возраста на возилото и моделот, надоместокот се движеше од 1.350 до 6.257 евра.

Судската постапка е покрената за стотици илјади сопственици на автомобили во Германија, претставени од организација за заштита на потрошувачи, за да се избегне групна тужба. Надоместокот се плаќа за загуба на вредноста на возилото.

Ова ја остава компанијата со индивидуални тужби од околу десет илјади сопственици на автомобили во Германија.

Скандалот „дизелгејт“ избувна во септември 2015 година, кога американските регулатори објавија дека компанијата инсталирала уреди во автомобили за да ги фалсификува податоците за емисиите на штетни гасови. Уредите покажувале различни податоци за тестовите отколку кога возите.

Компанијата досега плати милијарди долари казни и отштета заснована врз тужби и порамнувања.

Поврзани вести

Coca – Cola гаси над 200 брендови

msp-admin

Кои се 1.000 најбрзорастечки компании во Европа, и дали има некоја од Македонија?

msp-admin

„Хитроу“ ќе наметне дополнителни трошоци на патниците

Влатко Зорба