СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фолксваген ќе укине 4.000 работни места во Германија

Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да укине до 4.000 работни места во своите погони во Германија, нудејќи предвремени или делумни пензии за постарите вработени, што може да чини неколку стотици милиони евра, соопштија извори од компанијата.

Во изјавата на Фолксваген се вели дека постигнал договор со работничкиот совет за делумно пензионирање на родените во 1964 година, додека им понудил предвремено пензионирање на родените од 1956 до 1960 година.

Компанијата изјави дека очекува 900 работници да се определат за предвремени пензии, додека помал број би можеле да изберат делумна пензија, без да ја наведат точната бројка.

Два извори од компанијата изјавија дека ќе бидат укинати 3.000-4.000 работни места како дел од програмата што ќе се примени на шест германски фабрики на Фолксваген, во кои сега работат околу 120.000 луѓе.

Поврзани вести

Renault подготвува електрична „четворка“ во ретро стил

Влатко Зорба

Microsoft ги затвора своите продавници

msp-admin

Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра: Ќе се отворат маркети во Скопје и во уште седум градови

Влатко Зорба