СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Uber го призна статусот вработен на британските возачи, прв ваков случај во светот

Uber на своите британски возачи ќе им даде статус на вработен кој ќе добие минимална плата и има платено отсуство, прв ваков случај во светот за американска компанија и промена на моделот на дигитални платформи во Велика Британија.

Голема американска компанија за изнајмување автомобили со возач во соопштението објавено во вторникот рече дека сите нејзини возачи, од кои има повеќе од 70.000 во земјата, ќе ги имаат тие права веќе во среда.

Ова е голема промена за Uber, чии возачи досега беа самовработени.

Платформата реагираше брзо по консултација со своите возачи на широка основа и точно еден месец по изгубениот спор во Врховниот суд, кој силно одекна во јавноста.

Највисокото судско тело во Велика Британија на 19 февруари донесе одлука дека возачите може да се сметаат за „работници“ и да уживаат социјални права по таа основа.

Судот пресуди во корист на група од дваесетина возачи кои сметаа дека имаат право на работнички статус, со оглед на времето што го поминаа работејќи со апликацијата и фактот дека компанијата, меѓу другото, ја следи и оценува нивната работа.

Во иднина, возачите на Uber во Велика Британија ќе добијат барем минимална плата, ќе имаат право на платено отсуство и ќе можат да плаќаат придонес за пензија, во кој ќе учествува компанијата.

Овие права се додаваат на постојните, како што се слободен пристап до здравствено осигурување и поволности за породилно отсуство.

„Ова е голем ден за британските возачи“, рече Џејми Хејвуд, директор на Uber за Северна и Источна Европа.

„Uber е само дел од секторот за резервации на автомобили и се надеваме дека и другите оператори ќе ни се придружат во напорите за подобрување на условите во кои работат овие луѓе, без кои е тешко да се замисли нашето секојдневие“, рече тој.

Поврзани вести

Најголемиот светски суверен фонд инвестира скоро милијарда долари во турски компании

Влатко Зорба

Холандската влада издвои 13 милијарди евра за да им помогне на компаниите

msp-admin

Хрвати основаа фирма со два компјутера, а ја продадоа за 148 милиони долари

msp-admin