СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

BMW очекува силен раст на профитот во 2021 година

Германскиот производител на автомобили BMW во средата објави дека очекува значително зголемување на годишно ниво на профитот на групацијата во 2021 година, бидејќи предвидува силни перформанси во сите свои сегменти.

BMW, кој ги поседува и брендовите MINI и Rolls-Royce, соопшти дека очекува автомобилскиот сегмент да забележи солидно зголемување на испораките од година во година, со EBIT маргина која очекува да се зголеми меѓу 6 и 8%.

Приближно 90% од пазарните сегменти ќе имаат целосно електрични модели до 2023 година, а BMW i4 ќе биде лансиран три месеци пред предвидениот рок, се вели во соопштението на производителот на автомобили.

Минатата година BMW забележа пад на нето добивката за 23 проценти, на 3,86 милијарди евра (4,62 милијарди долари) во 2020 година, поради затворањето на фабриките во првата половина на годината, како дел од ограничувањата наметнати од пандемијата Ковид-19. Силен интензитет во втората половина на минатата година обезбеди компанијата да започне со „поволен ветер во грбот“ во 2021 година, се вели во соопштението на BMW.

Оперативната добивка во втората половина на минатата година се зголеми за 9,8 проценти во споредба со истиот период во 2019 година.

Поврзани вести

ТикТок нема да биде забранет во САД, Трамп го одобри договорот

msp-admin

Голем пораст на бројот на станици за полнење на е-возила во Германија до 2030 година

Влатко Зорба

5Г технологија носи иновации какви што досега немаме видено

msp-admin