СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Форбс“: Кинеските електрични автомобили ќе станат глобално доминантни

Електричните автомобили направени во Кина ќе доминираат на глобалниот пазар, според американското деловно списание „Форбс“ и наведува дека Кина е во чекор со западниот свет кога станува збор за производство на овој вид возила, па дури и го надминала во некои сегменти.

Во 2019 година имало 2,58 милиони електрични автомобили во најнаселената земја во светот, 970.000 во Европа и 880.000 во САД, според Меѓународната агенција за енергија.

Покрај тоа, Кина има најголем број станици за полнење на батерии на возила во однос на остатокот од планетата, а тој број се зголемува и прави 82 проценти од вкупното зголемување на бројот на вакви станици во светот.

Кина произведува електрични автомобили со врвен квалитет и стана многу конкурентна на пазарот, што е пример за Xpeng P7, што е сличен на Model 3 на Tesla.

Од нула до сто километри на час, P7 забрзува за само 4,7 секунди и има многу атрактивен дизајн, а неговата цена е 36.000 долари.

Ова не е единствениот кинески електричен автомобил кој е конкурентен со оние од остатокот на светот, бидејќи има и други модели кои се натпреваруваат во другите автомобилски сегменти.

Пониската цена, поквалитетниот и попривлечен дизајн не се единствените предности на кинеските автомобили, но има и други фактори кои ги прават сè поконкурентни, а еден од нив е дека Кина е најголемиот производител на литиум во светот – ресурс потребен за производство на батерии.

САД произведуваат само два проценти од литиумот во однос на остатокот од светот.

Форбс проценува дека сегашната политика на западните земји ќе спречи доминација на кинеските електрични возила во овој дел од планетата, но прашање е кога тоа ќе се промени, односно колку се одржливи протекционистичките политики.

Поврзани вести

Сајбер безбедноста во ЕУ: Дали постои европски начин?

Влатко Зорба

Кина може да ги национализира компаниите на Џек Ма

Влатко Зорба

Производителите на автомобили ширум светот ги исклучуваат производните линии

Влатко Зорба