СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Ford“ затвора три фабрики

Американскиот производител на автомобили „Ford Motor Co“ соопшти вчера дека годинава ќе затвори три свои фабрики во Бразил.

Како причина ги наведуваат „отежнувачките даночни услови“ предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Претставници на „Ford“ велат дека овој потег е последица на глобалниот план за преструктуирање, што треба да му донесе на гигантот профит од 11 милијарди долари.

Затворањето на фабриките во Бразил ќе влијае на околу 5.000 работници, главно бразилски државјани, беше објавено од „Ford“. Сите автомобилски компании наидоа на бројни предизвици и проблеми во оваа криза, освен „Tesla“.

За потсетување, есента 2020 година, „Ford“ донесе одлука до летото оваа година да испрати дури 32.000 вработени во САД да работат од дома. Компанијата со седиште во Детроит, основана пред 118 години, упорно се обидува да преживее и да го одржи својот бизнис.

Поврзани вести

ФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2

msp-admin

Кина во 2028 година ќе биде прва екомонија во светот

msp-admin

„National Grid“ го купи најголемиот дистрибутер на електрична енергија во Британија за речиси 11 милијарди долари

Влатко Зорба