СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германската индустрија очекува подобрување во 2021 година

Германскиот индустриски сектор очекува да биде во многу подобра позиција оваа година отколку во 2020 година, објави Германското здружение на индустрија (БДИ), потенцирајќи ја побрзата вакцинација на граѓаните меѓу клучните фактори.

Производството треба да „расте силно, за осум проценти во однос на минатата година“, рече Зигфрид Расвурм, шеф на БДИ.

Многу компании добиваат значително повеќе нарачки од почетокот на годинава, истакна Расвурм на отворањето на Саемот за виртуелна индустрија во Хановер.

Според него, германската економија треба да порасне за три проценти во 2021 година, доколку ограничувањата на коронавирусот постепено се укинат до почетокот на есента, пренесува SEEbiz.

Меѓу клучните фактори, тој посочи побрзо спроведување на вакцинациите од страна на општите лекари и оние ангажирани од работодавачот.

БДИ ги застапува интересите на 40 здруженија кои вклучуваат повеќе од 100 илјади компании.

Поврзани вести

Берзата во „зелено“ оваа недела

msp-admin

На биткоинот може да му бидат потребни месеци за да се опорави (инфографик)

msp-admin

Xiaomi гради фабрика која ќе произведува по 60 5G смартфони во минута

msp-admin