СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google склучи договори за објавување содржини со повеќе од 600 медиуми

Google во средата објави дека склучил договори за објавување содржини со повеќе од 600 медиуми ширум светот, најавувајќи дека ќе одвои една милијарда долари за информативната програма.

Издавачи од десетина земји го одобрија објавувањето на содржината, а корисниците може да ја видат во Австралија, Аргентина, Бразил, Германија, Велика Британија и Италија, објави Ројтерс, наведувајќи дека текстот на публикацијата ќе биде објавен на блогот на Гугл во текот на денот.

Во февруари, Google објави потпишување договори со „повеќе од“ 500 медиумски компании.

Единствениот услов на Google е издавачите да обезбедуваат одредена количина содржина дневно, рече шефот на Google News Showcase – Бред Бендер, додавајќи дека финансирањето треба да им помогне на медиумите да ангажираат новинари да уредуваат содржина што ќе биде обликувана во „панели“.

Панелите ќе бидат објавени во апликациите Google и Discover News, рече Бендер.

Корисниците можат да ги „следат“ издавачите за да добијат повеќе панели од нив. Издавачите, вклучувајќи ги „Фајненшл тајмс“ и „Канбера тајмс“, заедно генерираат 7.000 панели на ден и имаат над 200.000 регистрирани следбеници, според Ројтерс.

Американскиот гигант се надева дека издавачите на крајот ќе ги охрабрат следбениците да се претплаќаат на содржина или дека ќе ги зголемат приходите со поголеми прегледи на содржини поддржани од реклами.

Програмата на Google се очекува да трае до 2023 година, а компанијата планира да издвои 1 милијарда долари за објавување содржина во News Showcase. Тие тврдат дека немаат намера да заработат пари на тоа.

Тие одделно склучиле договор со медиумски компании во Франција, со надоместоци за содржина што се движеа од 1,3 милиони долари за весникот „Монд“ до 13.741 американски долари за локалниот весник „Ла Воис де ла Ут Марн“.

Тие не сакаат да ги коментираат условите на договорот во Франција и другите земји и посочуваат дека продолжуваат да преговараат со други издавачи, вклучувајќи ги и оние во САД.

Технолошкиот гигант се најде на удар на критичарите на медиумските компании, кои го обвинуваат за „кражба“ на приходите од рекламирање од нив. Facebook и Google заедно контролираат половина од пазарот за дигитално рекламирање, посочува Ројтерс.

Google тврди дека не контролираат премногу како медиумските компании трошат пари.

„Нашата намера е со финансирање да им олесниме на издавачите да учествуваат во програмата, но нејзината крајна цел е да служи за создавање на поодржлива иднина за информативната содржина“, велат од Google.

Додаваат дека компанијата ќе инвестира повеќе пари во објавување на вестите во следната фаза.

Признаа и дека Google не се консултирал со синдикати или здруженија на новинари при дизајнирање на новата програма. Многу меѓу нив во САД ги критикуваат приватните капитални фондови за купување медиумски компании, намалување на трошоците и влошување на квалитетот на содржината.

Новинарските здруженија треба да разговараат со издавачите за тоа како финансирањето на Google треба да резултира во ангажирање на повеќе новинари отколку во „здебелување“ на паричникот на сопственикот, рече американскиот софтверски гигант.

Поврзани вести

Вработени велат дека е привилегија да се работи во овие 10 компании во 2021 година

Влатко Зорба

Apple ќе инвестира 3,6 милијарди долари во производство на електрични автомобили со Kia

Влатко Зорба

Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата e без основа

msp-admin