СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ГТЦ со загуба од скоро 35 милиони денари

Градски трговски центар, од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа загуба од 34.349.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза, цитиран од Бизнис Инфо.

Една година претходно, загубата на компанијата изнесуваше 25.893.000 денари.

“Во 12-месечното работење во 2019 година, компанијата оствари вкупни приходи од 224.104.000 денари, коишто се поголеми за 7%, во однос на претходната 2018 година, а вкупните трошоци изнесуваат 258.453.000 денари, коишто се за 9% поголеми во однос на претходната 2018 година“, стои во Образложението кон финансискиот резултат.

Поврзани вести

Џек Ма веќе не е најбогатиот Кинез

Влатко Зорба

„Ford“ затвора три фабрики

Влатко Зорба

Редовна авио линија меѓу Скопје и Киев

msp-admin