СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Хитроу“ ја изгуби титулата „најпрометниот аеродром во Европа“ (инфографик)

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ минатата година го загуби своето место број еден меѓу европските аеродроми поради мерките поврзани со пандемијата „Ковид-19“, што ги ограничи патниците.

Преку новиот аеродром во Истанбул, завршен во пролетта 2019 година, поминале 23,4 милиони патници во својата прва целосна календарска година, на штета на „Хитроу“, каде сообраќајот падна за 73%.

Аеродромот во Париз, „Шарл де Гол“, кој е втор најпрометен во Европа во 2019 година, беше малку пред својот ривал во Лондон во првите 11 месеци од 2020 година.

Брзото ширење на вирусот и ограничувања на патувањето како резултат, имаа големо влијание врз европските авиокомпании од март досега. Желбата да се заменат мерките специфични за Велика Британија со тестови пред летот е зголемена со зголемениот број на заразни соеви на Ковид-19 во Велика Британија и некои други делови на светот.

Задолжителниот карантин во Велика Британија и промената на списокот на земји кои се исклучок, исто така, го обесхрабруваат патувањето во Лондон. Минатата недела, британската влада ги заостри мерките дополнително, суспендирајќи ги сите летови од Јужна Америка и проширувајќи го условот за самоизолација на оние кои пристигнуваат од сите земји.

Додека повеќето аеродроми во Западна Европа – од Франкфурт преку Амстердам до Барселона – паднаа за околу 70% минатата година, двата најголеми аеродрома во Истанбул и московскиот Шереметјево забележаа помали падови, со што се искачија на погорни позиции во списокот.

Новите „заклучувања“ значат дека патувањето ќе продолжи да биде тешко. Италија ја продолжи вонредната состојба до април, додека во Австрија ќе трае до февруари, а Германија го следи примерот.

Од понеделник, патниците кои пристигнуваат во Франција од земји што не се членки на ЕУ, ќе мора да бидат тестирани пред да се качат на авионот, да се согласат да се изолираат една недела по пристигнувањето во земјата, а потоа да направат нов тест.

Поврзани вести

„Сирс“ затвора третина од своите продавници

msp-admin

Кои се најбогати жени според „Forbes“ за оваа година?

msp-admin

Германија: Колку заработува пекар, колку инженер и што се крие зад високите износи?

msp-admin