СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Холандската влада издвои 13 милијарди евра за да им помогне на компаниите

Холандската влада го прошири пакетот за поддршка, вреден повеќе од 13 милијарди евра, за компаниите погодени од корона кризата.

Мерките вклучуваат заеми, даночни олеснувања и помош при исплата на плати.

Владата соопшти дека целта е да се заштитат што е можно повеќе работни места во холандските компании кои страдаат од економски последици како резултат на избувнување на пандемијата.

Ова е втор пакет на холандската влада, а помошта од првиот, кој беше усвоен кон средината на март, ја искористија стотици илјади компании.

Владата соопшти дека не може да ги спречи сите загуби на работните места и банкротите и додава дека закрепнувањето на некои сектори на економијата ќе трае долго.

Поврзани вести

„Рио Тинто“ ја исплаќа највисоката дивиденда во историјата

Влатко Зорба

Глобалната трговија со храна ќе генерира приходи од 370 милијарди евра до 2022 година

Влатко Зорба

Бензините и дизелот од полноќ со нова цена

msp-admin