СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата e без основа

Хуавеи е изненаден и разочаран од одлуката на шведскиот орган за телекомуникации, кој всушност забрани употреба на 5Г опрема на таа компанија во Шведска.

Како одговор на одлуката на Шведска за условите за учество на операторите на аукции од 3,5 гигахерци и 2,3 гигахерци, што всушност претставува забрана за употреба на 5Г опрема на таа компанија, Хуавеи наведува дека тие се приватна комерцијална компанија во целосна сопственост на нејзините вработени.

„Нема основа за обвинувањата дека Хуавеи претставува каква било закана за безбедноста. Ние веруваме дека исклучувањето на Хуавеи се заснова на неоснована претпоставка и дека е неправедно и неприфатливо“, соопшти компанијата.

Се додава дека за 20 години деловно работење во Шведска, како и за повеќе од три децении постоење во повеќе од 170 земји во светот, не е забележан поголем безбедносен инцидент.

„Хуавеи никогаш не предизвика најмала закана за шведската сајбер безбедност и тоа нема да се случи во иднина. Исклучувањето на Хуавеи нема да придонесе за безбедноста на шведската 5Г мрежа. Напротив, ќе има сериозни нарушувања на конкуренцијата и иновативноста“, соопшти компанијата.

Хуавеи ќе го процени ефектот на одлуката и се надева дека шведската влада ќе ја преиспита одлуката во духот на фер и отворен пазар, како што секогаш поддржувала.

Поврзани вести

„Дизни“ отпушта 28.000 вработени

msp-admin

Арсовска: Претпријатијата се ‘рбет на економијата и им треба поддршка

msp-admin

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5G во 2021 година

msp-admin