СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Индустријата за крстарења во КРИЗА најмалку уште две години

Индустријата за крстарења ќе биде во криза најмалку уште две години и нема да се врати на нивото на деловно работење пред пандемијата барем до 2023 година, смета Арнолд Доналд, извршен директор на американската компанија „Карневал Корп“, со седиште во Флорида.

Во денешното интервју за „Фајненшл тајмс“, Доналд објави дека до крајот на оваа година, целата флотила на „Карневал“ може да продолжи со пловење, но тој верува дека ќе и треба повеќе време на компанијата да се врати на деловните нивоа пред пандемијата, пренесува Ројтерс .

Во првиот квартал од 2021 година, оваа компанија пријави поголема загуба од предвидената, бидејќи бизнисот беше скоро целосно прекинат поради пандемијата на коронавирусот.

Поврзани вести

Како растеа најголемите економии во последните 4 децении?

msp-admin

Официјално: Peugeot и Fiat се спојуваат

msp-admin

ОПЕК + не се откажува од постепеното зголемување на производството од 1 мај

Влатко Зорба