СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ќе има зголемување на даноците за мултинационалните компании

Технолошките гиганти сега ќе плаќаат повеќе даноци отколку во претходните неколку години. Земјите од Г7 постигнаа договор каде мултинационалните компании како „Епл“, „Амазон“ и „Гугл“ ќе плаќаат поголеми даноци. Новиот договор ќе им овозможи на компаниите да плаќаат повеќе даноци таму каде што работат се додека имаат минимална маргина на профит од 10 отсто, со данок од 20 отсто за каква било добивка над таа бројка.

Нема гаранција дека другите земји ќе го прифатат договорот

„Амазон“ и „Гугл“ велат дека го поздравиле договорот како модернизација, а од „Амазон“ велат дека тоа ќе влијае на стабилноста на меѓународните даноци. Ваквиот потег може да ја зголеми основната даночна стапка за технолошките компании кои се потпираа на седиштата во Ирска и други земји за да ги намалат своите трошоци. Компаниите се подготвуваа за зголемување на даноците веќе некое време, но пактот Г7 ги направи новите промени поверојатни и поконзистентни.

Друга работа е кога и како ќе се појават овие промени. Договорот ќе помине низ поширока дискусија на состанокот на Г-20 во јули и нема гаранција дека другите земји, како Кина и Русија, ќе се согласат на тоа. Исто така е прашање на време, бидејќи на земјите ќе им требаат многу години да ги преобликуваат своите даночни закони. Колку и да е влијателнa најавата за Г7, тоа е само почеток на долго патување.

Поврзани вести

Смена на врвот по 6 години: Кои се најиновативните земји во светот? (инфографик)

Влатко Зорба

Глобал Никотин Форум 2020: Што вели науката за алтернативните производи

msp-admin

Голем пораст на бројот на станици за полнење на е-возила во Германија до 2030 година

Влатко Зорба