СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Италија: Над 5 милиони граѓани немаат ниту за основните потреби, 355.000 се под апсолутната граница на сиромаштија

Од почетокот на пандемијата, бројот на Италијанци кои се сметаат за сиромашни е зголемен за еден милион, пишува весникот „Ил манифесто“, наведувајќи дека сега 5,2 милиони луѓе немаат доволно ниту за основните потреби.

Зголемувањето на сиромаштијата е последица на економската криза што следеше како резултат на пандемијата на коронавирус, а весникот наведува дека бројот на сиромашни сигурно ќе се зголеми кога владиниот декрет за забрана за откази и забрана за протерување на станари поради кризата, ќе престане да се применува.

Двете уредби истекуваат во јуни и неизвесно е дали ќе бидат продолжени.

Една година по почетокот на пандемијата, два милиони италијански семејства живеат во апсолутна сиромаштија, што е за 335 илјади повеќе отколку во периодот пред почетокот на корона-кризата.

Весникот пишува дека редиците на оние што го чекаат единствениот оброк пред хуманитарните организации се подолги и дека сиромаштијата влијае не само на традиционално сиромашниот југ на Италија, туку и на семејствата на северот на Италија.

Хуманитарната организација Save d’Cildren објави дека на 160 илјади деца на училишна возраст не им е загарантиран еден оброк дневно поради затворени училишта, кои ги добивале во училишните мензи.

Италијанците кои се осиромашија за време на пандемијата пред тоа претежно имаа работа и редовни примања, а најмногу страдаат оние кои имале привремена работа или работеле на црно, како што се луѓе кои чуваат стари лица или работат домашни работи или самохрани мајки со деца.

Кризата најмногу ги погодува жените, а податоците покажуваат дека скоро половина милион работни места каде што биле вработени жени повеќе не постојат поради пандемијата.

Поврзани вести

Презентирана дигиталната платформа „Македонски Туристички Водич“

msp-admin

Xiaomi се најде на црната листа поради награда на Леи Џун

Влатко Зорба

Црна Гора: 39,000 вработени помалку за една година

Влатко Зорба