СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како да се реши проблемот со отпадот во општините?

Комуналниот отпад станува најголемиот проблем на општините и најголемата закана по здравјето на граѓаните. Локалните депонии со нивното секојдневно палење и горење на отворен простор, се еколошка катастрофа. Причина за тоа е непостоењето депонии за обработка на комуналниот отпад и механизам за управување со отпадот воопшто.

Градовите се повеќе се затрупуваат во сопствениот отпад, пример Валандово со своите приближно 12.000 жители, годишно произведува околу 6.000 тони ѓубре. Додека пак поголемите општини со повеќе жители, како што се Куманово или Гостивар годишно создаваат 40.000 односно 30.000 тони отпад годишно.

Најголем дел од овој отпад се одложува на локалните депонии, каде само се остава на природниот процес под атмосферските влијанија. При овој процес од отпадот се создава исцедокот што се слива во подземните води, истите води со кои се залеваат полињата со земјоделски производи. Додека пак дел од овој отпад, завршува на мали нерегистрирани депонии, во близина на рурални средини или покрај регионални патишта каде се поли и гори. Од горењето на отпадот се прави, исто така голема штета, односно се ослободуваат високо токсични органски соединенија што го загадуваат воздухот. Оваа емисија на штетни состојки преку ветрот и воздухот лесно се дисперзира насекаде и секојдневно ја вдишуваме, но најмногу се чувствува во блиските населени места.

Ризиците и опасноста по здравјето на граѓаните од ваквото менаџирање на отпадот се огромни. Веќе со години се заговара создавање на регионални депонии каде отпадот ќе се просецира, обработува и нема да претставува потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Проблемот е во тоа што до изградбата на овие депонии следи процес за којшто е потребно долго време, неколку години, а општините имаат потреба од итно решавање на проблемот со отпадот. Случувањата со депонијата Русино и градот Гостивар е само еден пример за актуелноста на проблемот.

Ургентно решение на проблемот постои, а тоа е балирање на отпадот. Како метод применет во многу европски земји, балирањето се смета и за еколошко и за финансиски прифатливо решение. Со овој метод, отпадот се компресира, односно се намалува неговата зафатнина, масата и волуменот, потоа се лепи врз специјална пластична фолија во форма на лента и од тоа се прават бали.

За инсталирање на единица за балирање потребни се само 15 дена, а капацитетот е 35 t/h (140 000 тони годишно). На пример, со 1 единица за балирање, можете да се обработи отпадот од 300 000 жители. Исто така, одлика на единицата за балирање е што е флексибилна единица, односно може да работи по потреба.

Во Македонија има компанија специјализирана за вакво управување со отпадот, ПП Индустрис и според нивното досегашно искуство ова е решение за моменталната состојба со повеќе предности.

„Системот за балирање се користи во повеќе европски земји, пред се во Франција, Австрија, Италија, Шпанија што е добар показател дека овој метод е еколошки, флексибилен, како и финансиски погоден за општините во Македонија. Балирањето е најсоодветно решение за да се реши проблемот со отпадот во општините, добро и непосредно додека во меѓувреме Владата и општините работат на имплементирање на регионалните центри за отпад во регионите низ Македонија. При процесот на балирање, собраниот комунален отпад се компресира и се затвора во пластична фолија која потоа се намотува во ролни. Со овој метод волуменот на отпадот се намалува до 3-4 пати, а со компресија се губи и непријатната миризба, се оневозможува исцедок на отпадна течност и нема ризик од палење и горење на отпадот. Имплементацијата на овој метод дава можност да се инсталира единица за селекција на пластика, со што дополнително се овозможува рециклирање на пластиката”, велат од ПП Индустрис.

Многу европски градови на овој начин го решиле проблемот со отпадот. Во недостаток на време а секако и средства за изградба на регионалните депонии за обработка на отпадот, балирањето останува единствено прифатливо решение за општините во Македонија што се гушат во сопствениот отпад.

Поврзани вести

Corona се враќа во игра со нова кампања и Снуп Дог во главна улога

msp-admin

Бајрактар: Отпуштањата да бидат како технолошки вишок, а не со спогодбени откази

msp-admin

Вработените во Google тајно формираа синдикат

Влатко Зорба