Управата на компанијата Swarovski во централата во Ватенс ги информира 1.000 вработени дека се отпуштени преку екран.
Брендот за луксузен накит, Swarovski пред неколку недели соопшти дека ќе отпушти 1.000 работници. Информациите за тоа кој е отпуштен, а кој останува во компанијата ги соопшти преку голем екран во компанијата.
На тој екран имињата на оние кои остануваат биле со зелена боја, а оние кои треба да заминат со црвена боја. Ваквиот начин на отпуштање наиде на критика од Работничката комора во покраината Тирол, чиј претседател Ервин Цангерл вели дека компанијата го покажала своето лице.
“На таков начин да се соопштат откази е под секое ниво“, рече тој. Истовремено Цангрел вели дека вработените кои може да останат да работат биле изложени под голем притисок доброволно да прифатат помалку работни часови.