СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина го зголеми својот извоз за 60% во првите два месеци од годинава

Кинескиот извоз на стоки се зголеми за 60,6 проценти во првите два месеци од оваа година, во споредба со истиот период минатата година, откако фабриките започнаа со работа, а светот полека се отвора.

Извозот се зголеми за 468,9 милијарди долари, покажаа денешните податоци на кинеските царини, што претставува пораст што не го предвидоа ниту економски експерти, објави АП.

Увозот, исто така, се зголеми за 22,2 проценти, на 365,6 милијарди долари.

Извозот во САД се зголеми за 87,3 проценти во првите два месеци од оваа година, иако поранешниот претседател Доналд Трамп воведе санкции за Кина, која заработи 80,5 милијарди долари.

Поврзани вести

Волстрит брка уште една голема кинеска компанија

Влатко Зорба

Акциите на „Тесла“ за прв пат скокнаа над 1.000 долари

msp-admin

Сојузот на стопански комори издава меѓународниот сертификат „Safety Travel Stamp“

Влатко Зорба