СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доделена е првата транша од евтини кредити од 50 милиони евра од Развојна банка

Доделена е првата трашна од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка на Северна Македонија АД пласирани преку комерцијалните банки. Доделени се 25,6 милиони евра на 105 компании по каматна стапка од 1,6%, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Оваа кредитна линија беше дел од вториот сет мерки на Владата. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициона банка. Државата субвенционира дел од каматната стапка со цел кредитите да може да се понудат преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1.6%.

Компаниите на кои им се одобрени евтините кредити се од:
* Производство
* Угостителство
* Транспорт
* Услуги
* Трговија
* Здравство

Заедно со Ковид 1 и Ковид 2 бескаматните кредитни линии на Развојната банка, во стопанството досега се вбризгани над 38 милиони евра за подобрување на ликвидноста во време на КОВИД-19 кризата, а со нив се поддржани 1.436 претпријатија и 16.777 работни места

Преку задржување на ликвидноста на стопанството се осигурува неговото нормално функционирање и се поттикнува економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период, псоочува министерката.

Поврзани вести

Слонот во собата – договорот меѓу Apple и Google

msp-admin

Продажбата на недвижнини во САД се искачи над очекувањата

Влатко Зорба

Богатите земји држат 90 проценти од вакцините

Влатко Зорба