На почетокот на минатата недела, еден од најважните поморски патишта беше блокиран поради застојот на еден гигантски брод со контејнери. Прекинот на сообраќајот на Суецкиот канал поради заглавениот брод „Евер Гивен“ стана водечка тема во светот, а трошоците што произлегуваат од него се проценуваат на милијарди долари.
Експертите на „Лојд“ проценуваат дека затворањето на каналот чини скоро 10 милијарди долари на ден, со што се запира движењето на стоки и на западниот и на источниот пазар. Денес беше „одзаглавен“ „Евер Гивен“, што ќе го отвори патот до клучната морска рута, која работи од 1869 година.
Ситуацијата таму покренува важно прашање за клучните пристаништа, теснеци и канали за светска трговија, а една од најчесто тргуваните суровини што поминува низ нив е нафтата.
Платформата „Статиста“ ги испитува најважните поморски патишта во светот кога станува збор за транспорт на буриња со „црно злато“. Всушност, Суецкиот канал е од второстепено значење кога станува збор за трговија со нафта. Според податоците на Лојд до 2018 година, низ него минуваат 4,6 милиони барели дневно.
Повеќе од 3,5 пати повеќе од суровината поминува низ неговиот најважен теснец – Ормутскиот. Снабдува некои од најголемите извозници на нафта во светот, Саудиска Арабија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.
Поради зголемените тензии меѓу САД и Иран летото 2019 година, постоеше ризик и тој да биде затворен.
Втор најзначаен за нафтената индустрија е теснецот на Малака, кој ја дели Малезија. Тој е одговорен за испорака на околу 16,7 милиони барели суровина дневно, според проценките на „Лојд“.
Трет по важност на пазарот е теснецот Баб ел Мандеб, лоциран помеѓу Арапскиот полуостров и Африка, низ кој минуваат околу 4,8 милиони барели дневно. На списокот е и Босфор, со околу 2,7 милиони барели дневно.