Веста дека Џеф Безос ја напушта функцијата извршен директор на Амазон одекна во светот, а потоа кога работите се „смирија“, остана прашањето – кој ќе го наследи?
Новиот извршен директор на водечка компанија за е-трговија е Енди Џеси, 53 годишен, човек кој се смета за „страв и трепет“ во неговата работна средина. Џеси ја водеше облачната единица во рамките на Амазон и помогна во лансирањето на Амазон веб-услугите во 2006 година.
Се вели дека Џеси ги носи своите најважни одлуки во Chop (Charterhouse of Parma), конференциска сала која се наоѓа во близина на неговата канцеларија во Сиетл. Еден вработен еднаш рече: „Ако одите на состанок во Chop со Енди, подобро да бидете подготвени“.
Истиот работник изјавил дека „Џеси е „ајкула“ која ќе намириса крв од 100 милји, ако не сте подготвени“. Тој го очекува најдоброто од својата екипа, и малкумина би помислиле дека Безос ќе донесе некој што нема големи барања на толку важно место. Тој дури не се споменува како најбогатиот човек на светот, но …
Џеси помина 15 години во трансформација на Амазон: од гигант за е-трговија во високо профитабилна технолошка компанија. Тој всушност создаде доминантен пазар на облак. По „Епл“ и „Мајкрософт“, „Амазон“ е трета највредна компанија во САД, со која во иднина ќе раководи Енди Џеси.
Зошто е толку посебен?
Тој е исто така само вториот извршен директор на компанијата, која постои 27 години. Џеф Безос цело време беше на таа позиција, што доволно зборува за довербата што ја има Безос во Џеси. Тој е исто така член на елитната група на директори на Безос, наречена „S-team“.
Џеси дипломираше на Харвард во 1990 година и има околу 85.000 акции во Амазон, во вредност од 287,3 милиони долари. Тој секако е еден од најплатените луѓе во компанијата: во претходните три години заработи повеќе од 20 милиони долари.
Тој „го привлече вниманието“ не само на основачот на Амазон, туку и на другите лидери. Стив Балмер, поранешен извршен директор на Мајкрософт, сакаше Џеси да го наследи во компанијата, а исто така беше во трка за прв човек на Убер, во 2017 година. Џеси има и свој систем на работа: сака печатени документи, чита дигитални изданија само во авион.
Обичен и едноставен
Оние кои имале можност да соработуваат или да се сретнат со него, велат дека тој е искрен и љубезен, но има големи очекувања. Кога станува збор за „веб-услугите на Амазон“, Џеси лично го гледа секое соопштение за медиумите, а Безос „слепо му верува“ и никогаш не го проверува.
И додека американскиот милијардер донесува три одлуки на ден и не размислува многу за деловно работење по 17 часот, неговиот наследник има околу седум состаноци на ден: неговиот распоред главно се планира две недели однапред, па затоа е предизвик да се сретнеш со Џеси.
Исто како што Безос сака да испраќа прашалници преку е-пошта, што им ја „крева косата“ на вработените, така и Енди Џеси има свој начин на комуникација, а тој обично пишува само „убаво“, доколку му се допаѓа добиената е-пошта. Треба да се спомене и дека овој 53-годишен Американец со задоволство го искажува својот политички став, најпрво на Твитер.
Соборување на рекордот
Во четвртиот квартал на 2020 година, Амазон оствари највисок квартален приход на сите времиња, надминувајќи ја границата од 100 милијарди долари за прв пат. Станува збор за износ од дури 125,56 милијарди долари.
На оваа добивка директно влијаеше силниот раст на онлајн купувањето, како резултат на мерките за пандемија, како и празничниот шопинг. Кварталната добивка е двојно поголема од предвидувањата на аналитичарите и изнесува 14,09 долари по акција.
„Кога ќе ги погледнете нашите финансиски резултати, она што го гледате се долгорочни кумулативни резултати на инвентивност. Во моментов го гледам Амазон како најинвентивен досега, што го прави овој момент оптимален за смена на врвот“, напиша Џеф Безос во пораката до вработените.