СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Компанија од екс Југославија гради фабрика за Ковид вакцина

Додека илјадници научници ширум светот сè уште работат на развој на вакцини и лекови за Ковид-19, некои компании веќе започнаа со градење на погони за производство на вакцини.

Така, американската компанија Moderna, којашто развива вакцина за Ковид-19, mRNA-1273, веќе започна со зајакнување на своите производствени капацитети. Во партнерство со швајцарската компанија Lonza, тие се согласија да ја произведат вакцината на две локации – во САД и Швајцарија.

Бидејќи се очекува вакцината на Moderna, којашто во моментов е во третата и последна фаза на тестирање, да добие зелено светло за производство до крајот на годината, договорено е да се започне со проширување на производните капацитети, пишува Zimo.

Вредноста на проектот се проценува на 210 милиони швајцарски франци, а изградбата на фабриката во швајцарскиот град Висп треба да заврши во рок од осум месеци.

Три производни линии ќе бидат инсталирани во фабриката, кои ќе можат да произведат околу 300 милиони дози на вакцина годишно.

Но, медиумите во Хрватска јавуваат дека вистинската вест е тоа што хрватската високотехнолошка компанија Klimaoprema е избрана за главен проектант и изведувач. Хрвбатската компанија во соработка со компанијата за развој на производствениот процес CRB од САД ќе биде одговорна за целиот проект сè додека не биде предадена на сопственикот.

Од хрватската компанија не го откриваат износот на зделката којашто е договорена во мај, кратко време откако Moderna и lonza потпишаа 10-годишен договор за соработка.

Поврзани вести

Берзата во „зелено“ оваа недела

msp-admin

Apple го надмина Aramco и стана најпрофитабилната компанија во светот

Влатко Зорба

Исклучително редок метал остава сè зад себе – дури и биткоин

Влатко Зорба