СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Корона-вакцини на „Даркнет“ се наоѓаат и за 1.200 долари

Истражувачи од „Касперски“ испитале 15 различни пазари на „Даркнет“ и откриле реклами за три вакцини против коронавирус – „Фајзер / БајоНТек“, „АстраЗенека“ и „Модерна“.

Според изјавата, имало и продавачи кои рекламирале непроверени вакцини.

„Повеќето продавачи се наоѓаат во Франција, Германија, Велика Британија и САД, а цените по доза се движеа од 250 до 1.200 долари, со просечна цена од околу 500 долари. Комуникацијата се прави преку шифрирани апликации за пораки како што се „Викр“ и „Телеграм“, додека барањето за плаќање се прави во форма на криптовалута, пред сè биткоин“, велат од Касперски.

Се додава дека повеќето од овие продавачи од црниот пазар извршиле меѓу 100 и 500 трансакции, што укажува на тоа дека оствариле продажба, но што точно купуваат корисниците на „Даркнет“, останува нејасно.

„Со достапните информации на експертите од „Касперски“, невозможно е да се каже колку дози на вакцини рекламирани преку Интернет се вистински дози (многу медицински институции се најдоа во ситуација да ги користат преостанатите дози) и колку рекламата е всушност измама. Дури и да добиете нешто по пошта, најверојатно она што би го добиле не би била ефективна, валидна доза. Што е уште поважно, добивањето такви дози е незаконско“, се наведува.

Експертот за безбедност Дмитриј Галов вели дека на „Даркнет“ можете да најдете скоро сè, па затоа не е изненадувачки што тамошните продавачи ќе се обидат да ја искористат кампањата за вакцинација.

„Во текот на изминатата година, имаше голем број измами кои ја искористија темата за Ковид-19, и многу од нив беа успешни. Во моментов, не само што луѓето продаваат дози на вакцини, туку тие исто така продаваат евиденција за вакцинација – документи што можат да ви помогнат да патувате слободно. За корисниците е важно да бидат внимателни кога станува збор за какви било „понуди“ поврзани со пандемијата и, се разбира, никогаш не е добра идеја да се купи вакцина од „Даркнет“, вели Галов.

Поврзани вести

Инфраструктурниот план на Бајден го зголемува оптимизмот на Волстрит

Влатко Зорба

Lidl ќе продава автомобили по намалени цени

Влатко Зорба

КОВИД-19 ќе го принуди бизнисот да преразмисли како работи

msp-admin