СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Костовски: Еуростандард има доволно капитал за да ги подмири сите оштетени

Бизнисменот и сопственик на Еуростандард банка, Трифун Костовски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, изјави дека банката има доволно капитал да ги подмири сите оштетени.

– Банката има доволно и капитал во готовина и хипотеки и некретнини кои што ќе ги подмират сите оштетени на банката. Ама тоа мора да биде под услов доколку целиот стечај се заврши максимално брзо, посочи тој.

Тој вели дека планот за Еуростандард е „кроен многу одамна“, и сега дошло време на финализација.

– Само наивен човек може да верува дека Македонски пошти како потенцијал се за верување. Имаат 330 експозитури, тоа се најмногу експозитури во Република Македонија и сега видете што се случува, со еден удар се убиваат две муви, тврди Костовски.

Поврзани вести

Fiat инвестира милијарди евра во фабрика во Европа

Влатко Зорба

Од „бебе од контејнер“ до милионер

msp-admin

Бројот на глобални 5G претплати ширум светот достигна 200 милиони

Влатко Зорба