СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во Србија за прв пат надмина 510 евра

Просечната бруто плата за јули 2020 година во Србија била 83.016 динари (705,92 евра), додека просечната нето плата била 60.029 динари (510,23 евра), дознава неофицијално B92.

Растот на бруто-платата во периодот јануари-јули 2020 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 9,5 % номинално, и 7,9 % реално.

Во исто време, нето-платите номинално се зголемија за 9,3 % и реално за 7,7 %.

Во споредба со истиот месец минатата година, просечната бруто плата за јули 2020 година е номинално поголема за 9,2 %, а реално за 7,1 %, додека просечната нето плата е номинално поголема за 9,1 %, односно реално за 7 %.

Поврзани вести

Казни за трговците кои ќе ги качат цените на основните производи

Нов Закон за платежни услуги и платни системи: Финтек, нови услуги и финансиска инклузија на ранливите категории

Влатко Зорба

Време е за нови херои за заштита на животната средина и нов економски развој

Влатко Зорба