СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Lada Nivа Vision влегува во 21-от век со модерен инфо-забавен систем

Како дел од големата модернизација иницирана од рускиот „АВТОВАЗ“, и најавената целосно нова „Lada Nivа Vision“ за 2024 година, тука е и дигитализацијата на возачкото искуство. Руската компанија објави дека развиле сопствен инфо-забавен систем за инсталација во идните возила од оваа марка, наречен „LADA EnjoY Pro“. Овој паметен мултимедијален систем ќе има за цел да ги интегрира модерните карактеристики на мобилниот телефон во идната Ladа.

Системот EnjoY Pro ќе се поврзе со глобалните услуги на Apple CarPlay и Android Auto, како и со рускиот систем Yandex.Auto. Во суштина, сè ќе биде 8-инчен HD екран на допир, со многу светла и респонзивна IPS-табла. Од аудио гледна точка, ќе има напреден систем за опкружувачки звучници од ARKAMYS, а целата инфо-забава ќе може да се надоградува со нови опции преку Интернет.

LADA EnjoY Pro

EnjoY Pro ќе се вклучи веднаш по отклучувањето на возилото, дозволувајќи музика, навигација и други опции да се користат веднаш штом возачот влезе во автомобилот, без да чекате да се подигне оперативниот систем. Исто така, системот нема да се исклучи кога возачот ќе го затвори возилото, туку само кога ќе ја отвори вратата со намера да излезе од него – така, велат од Lada, возачите ќе можат да слушаат музика или да завршуваат телефонски повици дури и кога моторот на возилото е исклучен.

Кога станува збор за безбедноста, новиот систем EnjoY Pro, ќе може да се контролира со допир на екранот, копчиња на воланот, но и говорни команди, за да не се вознемирува возачот. Ќе има и камери за рикверц, како и на многу западни современи автомобили, со динамични линии за водење за да се осигура дека маневрите, како што е паркирањето, се безбедни.

Списокот на модели на Lada кои ќе бидат достапни со системот EnjoY Pro, како и датумот на достапноста, ќе бидат објавени на подоцнежен датум.

Поврзани вести

Huawei и ZTE и официјално прогласени за закана за американската безбедност

msp-admin

Битолска млекара продолжува со подобрување на сопственото производно портфолио

msp-admin

ЕК одобри 202 милиони евра помош за хрватски компании

Влатко Зорба