СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Турција парично ги казнува социјалните мрежи

Турција денес го воведе првиот пакет високи казни за големите социјални мрежи, вклучувајќи ги Твитер, Фејсбук и Инстаграм, за непочитување на контроверзниот закон што значително ја зајакнува владината моќ над тие платформи.

„На социјалните мрежи им беше изречена казна од 10 милиони турски лири (скоро еден милион евра), вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Перископ, Јутјуб и ТикТок, кои не назначија претставник по законскиот рок“, објави на Твитер заменик министерот за транспорт и инфраструктура, Омер Фатих Сајан.

Закон што значително ја зајакна контролата на владата врз социјалните мрежи стапи на сила во октомври.

Според новиот закон, социјалните мрежи со повеќе од милион уникатни врски на ден, како што се Твитер и Фејсбук, мора да имаат застапник во Турција и да се придржуваат до судовите кои бараат отстранување на одредена содржина во рок од 48 часа.

Во случај на неусогласеност, платформите ризикуваат казни до 30 милиони турски лири, или три милиони евра, забрана за приходи од рекламирање и нагло намалување на нивниот опсег.

И покрај заканата од санкции, скоро сите социјални мрежи досега одбија да ги почитуваат мерките предвидени со закон, сметајќи дека тоа може да доведе до цензура.

Според професорот по право Јаман Акдениз, само руската платформа Вконтакте прифатила да назначи претставник во Турција.

Турската влада веќе внимателно ги следи Твитер и Фејсбук, а бројни тужби за „навреда на шефот на државата“ или за „терористичка пропаганда“ се покренати врз основа на обични твитови.

Во 2019 година, Турција блокираше пристап до 408.000 веб-страници, 40.000 твитови, 10.000 снимки на ЈуТјуб и 6.200 споделувања на Фејсбук, според извештајот на Здружението за слобода на изразување.

Поврзани вести

Енергетската транзиција може да ја промени геополитичката карта на светот

Влатко Зорба

Грчкиот туризам ќе помине пет пати полошо од економската криза во 2008 година

msp-admin

Една од најголемите компании за недвижнини во Европа излегува на берза

Влатко Зорба