СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Легендарен дизајнер на „Порше“ ќе работи на автономниот автомобил на „Епл“

Додека „Епл“ се обидува да скрие сè во врска со „Проектот Титан“ во тајност, гласините покажуваат дека работите се движат брзо – најновиот извештај на „Бизнис инсајдер“ открива дека гигантот од Купертино можеби го „украл“ потпретседателот на „Порше Тајкан“ за развој на шасија, д-р Манфред Харер.

„Тајкан“ е првиот електричен автомобил од „Порше“, чија верзија за производство беше претставена на крајот на 2019. Ова се очекува да служи како платформа за другите целосно електрични автомобили на „Порше“. Сепак, германскиот производител на автомобили ќе мора да го стори тоа без доктор Харер – тој буквално ја напиша теоријата за современи системи на управување.

Харер ја започна својата кариера во „Ауди“, а потоа се префрли во „БМВ“ пред да се приклучи на „Порше“. Тој беше шеф на оделот за развој на шасија во „Порше“, кој вклучува автомобили со мотор со внатрешно согорување, но електричните возила се многу различни, па затоа е важно неговото искуство со „Тајкан“.

Досега, и „Порше“ и Харер не коментираа за транзицијата, но поранешен извршен директор на „Фолксваген“ вели дека Епл добил „џекпот“ со назначувањето.

Претходно беше објавено дека „Епл“ е близу до потпишување договор со подружницата на „Хјундаи“, „Киа“, што ќе му овозможи да започне производство на 100.000 автомобили годишно до 2024 година (со опција за проширување до 400.000 / годишно).

Работата ќе се одвива во објектите на „Киа“ во американската држава Џорџија.

Поврзани вести

БМВ крати 6.000 работни места, има нова бизнис стратегија

msp-admin

Mercedes-Benz ќе го дигитализира своето производство во соработка со Siemens

Влатко Зорба

IQOS уредот со несогорлив тутун на Филип Морис почна да го освојува пазарот во САД

msp-admin