15.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

LinkedIn испраќа 15,900 работници на одмор

Од понеделник, бизнис социјалната мрежа за барање работа и работници, LinkedIn ги испраќа скоро сите 15,900 работници на вонреден одмор.

Одморот од една недела компанијата го објаснува со својата намера да им овозможи на луѓето да се опорават откако поминаа повеќе од една година работејќи од дома во услови на пандемија.

АФП соопштува дека намерата на LinkedIn е да спречи прегорување на своите работници, односно дека сака да спречи синдром на „burn out“.

Додека сите други се на годишен одмор, само мал дел од работниците ќе продолжат да работат за да ја одржат социјалната мрежа во функција. По враќањето на другите, оние кои ја одржувале мрежата претходната недела одат на еднонеделен одмор.

„Има нешто волшебно кога целата компанија прави пауза во исто време“, рече LinkedIn, одговарајќи на прашање на АФП, додавајќи дека „најдобриот дел е што повратниците нема да бидат пречекани од наплив на неодговорени мејлови“.

Поврзани вести

Половина килограм za 10.000 долари: Компаниите за 3Д месо се оптимисти, но дали клиентите ќе плаќаат за тоа?

Влатко Зорба

„United Media“ го презема весникот „Данас“

Влатко Зорба

Словенечка Petrol е најголемата компанија на територијата на поранешна Југославија.

msp-admin