Германската авиокомпанија Луфтханза ќе обнови летови до 20 дестинации од средината на јуни, вклучувајќи и некои добро познати одморалишта, соопшти портпаролката на компанијата.
„Летните дестинации“ ги вклучуваат Мајорка, Крит, Родос, Венеција, Фаро, Ибица и Малага. Сите авиони ќе полетуваат од Франкфурт.
Дополнителните дестинации ќе бидат објавени на крајот на следната недела.
Луфтханза претходно одлучи да ги обнови летовите кон Лос Анџелес, Торонто и Мумбаи од јуни.