СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Луфтханза го започна најдолгиот лет во својата историја

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во неделата започна најдолг лет, без пауза, во историјата на германската авијација.

Авионот полетал од Хамбург, и оди кон Фокландските Острови, кој е лет долг 13.700 километри.

Летот треба да трае 15 часа и 35 минути, изјави портпаролот на компанијата.

Истражувачите од германскиот институт Алфред Вегенер и новата екипа на германскиот истражувачки мразокршач, Поларстерн, летаат кон воената база Маунт Плезант.

Кога ќе слета на Фокландските острови, екипажот ќе се качи на мразокршачот и ќе помине два месеци на Веделовото море, собирајќи податоци за климатските прогнози, пренесува SEEbiz.

Во нормални времиња, екипажот патуваше преку Аргентина или Јужна Африка до Антарктикот. Така, поради пандемијата на коронавирус, редовни летови не доаѓаат во предвид.

Поврзани вести

Директорот на „Луфтханза“: Можеби ќе поминат и 5 години додека воздушниот сообраќај не се врати во нормала

Влатко Зорба

„Монтенегро ерлајнс“ спушта крилја

msp-admin

Словенија сопира со воведувањето на 5G технологијата

msp-admin