СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Мајкрософт ја продолжи работата од дома најрано до јули 2021 година

По консултации со здравствени експерти, Мајкрософт одлучил дека е најбезбедно работниците да останат во своите домови, пренесе „Бизнис Инсајдер“.

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата на локална основа во секој регион и држава во која работиме и ќе се прилагодиме на потребите на работниците и епидемиолошката состојба“, рече портпаролот на „Мајкрософт“.

На почетокот на овој месец, „Мајкрософт“ објави нова работна политика што им овозможува на повеќето вработени да работат флексибилно време и да работат од далечина барем половина од своето време. Вработените исто така можат да побараат постојана работа од дома или преместување, што бара одобрување од управителот на компанијата.

Следната половина од годината се чини предизвик за повеќето технолошки компании кои одлучија да работат далечински до летото 2021 година. Амазон исто така ја продолжи работата од дома до јуни 2021 година, а Гугл и Фејсбук објавија дека нема да бараат работниците да се враќаат во канцелариите пред јуни или јули следната година.

Потсетуваме дека Мајкрософт ги затвори канцелариите во март.

Поврзани вести

4 индустрии во кои доминираат жените

Влатко Зорба

Русија постигна договор со ОПЕК за намалување на производството на нафта

msp-admin

„Бентли“ масовно отпушта работници

msp-admin