Со оглед на ситуацијата предизвикана од пандемијата на коронавирус направивме истражување како се движи бројот на новоосновани фирми, потеклото на сопственоста и споредба по индустрија. И покрај турбулентниот период полн со неизвесности се отвораат нови фирми, пренесе Бизнис Инфо.
Податоците покажуваат дека во нашата земја во 2019 година биле отворени 2.959 фирми, додека во период до 10-ти јуни годинава бројката на новоосновани фирми изнесува 2.376.
Споредбено по индустрија, најголем дел од новосоздадените фирми припаѓаат на секторот Трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, каде лани се основале 773, а годинава до 10-ти јуни има 650 новоосновани фирми. Во секторот други услужни дејности лани се основани 339 фирми, а до 10-ти јуни од оваа година се основани 242 фирми. Објекти за сместување и сервисни дејности со храна бројката за новосновани фирми од лани е 296, а годинава 244 фирми. Во градежништвото минатата година биле основани 206 фирми, а до 10-ти јуни годинава основани се 169 фирми.
Интересен е податокот што за разлика од лани во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација лани биле основани 17 фирми, а нејзиниот број во првите шест месеци од годинава е дупло зголемен, и отворени се дури 34 фирми.
Во однос на потеклото на сопственикот, кај 2.434 фирми лани потеклото на сопственикот е од Македонија, а годинава 1.966.
Дури 78 новоотворени фирми лани и 77 годинава е бројката на новоосновани фирми со потекло на сопственикот од Турција. По потекло на сопственик од Србија лани биле 28, а годинава 19 фирми, од Бугарија се 24 лани, а 19 годинава. Според тоа од каде потекнува сопственикот на компанијата што е основана, лани имало (2) од Емирати, (1) од Азербејџан, (1) Бахами.