Сопственикот на компанијата „Тесла“, Елон Маск, рече дека ќе ја затвори компанијата, доколку се покаже дека е точно тврдењето на Кина дека автомобилите на компанијата „шпионираат“ воени објекти во Кина.
„Тоа е многу тешко и сериозно обвинување за нас, ние водиме сметка за доверливите информации. Ако нашите возила се користени за шпионажа, каде било во Кина, ќе затвориме“, рече тој на кинескиот саем за виртуелни автомобили, пренесе „Гардијан“.
Во петокот Кина забрани употреба на овие возила во воените комплекси, но и цела Кина поради инсталираните камери на овој автомобил, кои според кинески експерти ја нарушуваат приватноста и безбедноста на кинеската армија.
Тие наведуваат дека „Тесла“ може да следи поголем број лични податоци, како што е списокот на контакти преку мобилен телефон доколку е поврзан со автомобил, а Кина е загрижена дека оваа информација може да биде проследена до САД.
Интересен факт е дека автомобилите на „Тесла“ беа најголемите ривали на домашната „Гили“ на кинескиот пазар минатата година. Во 2020-та се продадени 147.445 автомобили кои се борат за одржливост на животната средина, што е 30 проценти од вкупната продажба во Кина.
Акциите на оваа компанија утрово паднаа за 1,1 процент на берзата во Њујорк.