СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск сподели „оглас за вработување“: Се бараат 10.000 работници, диплома не е потребна

Елон Маск сподели „оглас за работа“ на својот профил на Твитер.

Имено, сопственикот на Tesla сподели твит од сметката „Tesla Owners Austin“ со образложение дека на една фабрика во Тексас им требаат дури 10.000 работници, а тој ги наведе и посебните придобивки што ги очекуваат вработените.

„Пет минути до аеродромот, 15 минути до центарот на градот, веднаш на реката Колорадо“, напиша Маск.

Оригиналниот твит на компанијата наведува дека универзитетската диплома не е услов за вработување, иако Тесла има добра соработка со бројни универзитети, но дека луѓето можат да доаѓаат „директно од средно училиште“.

Поврзани вести

Шефот на „Џеј Пи Морган“: Работата од дома несоодветна за младите

Следете ги овие правила и ќе заштедите повеќе пари

msp-admin

Турција има девизни резерви од 95 милијарди долари

Влатко Зорба