СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск твитна дека „Тесла“ може да стане најголема компанија, па избриша

Сопственикот на „Тесла“, Елон Маск, напиша на Твитер дека смета дека „има шанса Тесла да стане најголемата компанија“.

Како одговор на неговите следбеници, тој додаде дека смета дека тоа ќе се случи „веројатно за неколку месеци“.

Овој втор твит на Маск за тоа кога „Тесла“ би можела да го престигне „Епл“, кој во моментов се смета за највредната компанија во светот, е избришан. Сепак, скрин-шотови се веќе раширени на Твитер.

Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) претходно се судри со Маск и Тесла за „невоздржаната“ употреба на Маск на Твитер.

Во третиот квартал на 2018 година, SEC го обвини Маск за измама, откако на своите десетици милиони следбеници им порача на Твитер дека планира да ја спречи јавноста да купува акции на Тесла, по цена од 420 долари за акција, и дека тој обезбедил средства да го спроведе тоа. На тој ден цените на акциите на Тесла скокнаа за повеќе од шест проценти, пренесува CNBC.

Маск и неговата компанија тогаш се согласија на спогодба, и тие мораа да платат по 20 милиони долари.

Сепак, SEC го тужеше за кршење на тој договор откако на почетокот на 2019 година твиташе бројки во врска со производството на „Тесла“.

Според ревидираниот договор, „Тесла“ е должна да ги одобри сите напишани пораки, вклучувајќи твитови и објави на други социјални мрежи што Маск сака да ги објави, а кои се однесуваат на самата компанија. Компанијата никогаш не објави кој има улога во јавноста позната како „Твитер бејбиситерка на Елон Маск“.

Неодамна, акционерот на Тесла, Чејс Герити, поднесе тужба против Маск за неговата постојана употреба на Твитер, велејќи дека токму Маск ги чинеше акционерите милијарди долари, на пример, кога во мај минатата година напиша дека цената на акцијата на Тесла е според негово мислење, превисока. После тоа соопштение, цените на акциите на Тесла паднаа за 10 проценти, што влијаеше на пазарната вредност на „Тесла“ од 13 милијарди долари.

Маск, патем, е исто така познат по тоа што влијае на растот на биткоинот и доџкоинот со своите твитови.

Поврзани вести

Арсовска: Губиме големи странски инвестиции, неопходна е посветеност на структурните реформи

msp-admin

Цените на нафтата паѓаат под 55 американски долари

Влатко Зорба

Забрана на социјалните мрежи: Нема да може да се пишува дека пандемијата не постои

msp-admin