СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Србија издаде еврообврзница вредна милијарда евра

Србија издаде 12-годишна еврообврзница во износ од една милијарда евра на меѓународниот финансиски пазар, со купонска каматна стапка од 1,65 проценти и стапка на принос од 1,92 проценти, објави Народната банка на Србија (НБС).

Оваа обврзница има најдолга рочност што досега ја издала Србија на меѓународниот пазар.

НБС посочува дека исклучителниот интерес на меѓународните инвеститори е уште една потврда за нивната доверба во долгорочната одржливост на добрите економски перформанси и зачувувањето на макроекономската стабилност во Србија.
Побарувачката на инвеститори за време на аукцијата беше 3,5 пати поголема од реализацијата и за време на аукцијата надмина 3,5 милијарди евра.

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, изјави дека емисијата на еврообврзници ќе врати некои стари и скапи долгови што доаѓаат за исплата во текот на оваа година.

Тој рече дека заклучно со завчера, учеството на јавниот долг во БДП е 52,9 проценти и е пониско отколку пред почетокот на пандемијата.

– Тоа е неверојатен успех, имајќи предвид дека сите земји во светот го зголемија својот јавен долг поради позајмици за време на пандемијата на вирусот – рече Мали.

Поврзани вести

Бајден го зголемува данокот на најбогатите Американци

Влатко Зорба

Како изгледа седење во ресторан во Италија?

msp-admin

Битиќи во посета на „Пејпер Мил“: Фабриката го рестартира производството по инсталирање на еколошки филтер

Влатко Зорба