СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск тврди дека неговиот следен производ ќе биде „убиствен“

Еден од најпознатите луѓе во светот на технологијата, Илон Маск тврди дека следниот производ на компанијата Tesla ќе биде еден од најважните, а тоа се соларните кровови.

“Кога ќе погледнете наоколу низ вашето соседство во иднина, една деценија од сега, што сакате да видите? Кој производ ќе ви го направи животот подобар? Каква иднина сакате? Мислам дека иднината каде што имаме прекрасни покриви кои генерираат енергија, коишто се цврсти, отпорни и на секој начин подобри од обичните покриви и кои имаат енергија, е иднината што ја посакувам. Соларниот покрив е ‘убиствен’ производ. На сите ќе им биде очигледно следната година“, рече Илон Маск.

Tesla во 2016 година започна со прозиводство на соларни кровови, а во третиот квартал од оваа година оствари значителна заработка.

Купувачот ќе треба да плати 21,85 долари за метар квадратен.

Исто така, компанијата направи и калкулатор што ќе им покаже на луѓето колку ќе чини замената на нивниот покрив со Tesla Solar Roof. Калкулаторот ги зема во предвид информациите колкава е големината на покривот, просечната цена на електрична енергија и количината на сончева светлина за конкретното место на годишно ниво.

Соларните кровови моментално се достапни само на американскиот пазар, наскоро ќе бидат достапни и во Канада, а Маск најави дека овој производ ќе стигне и во Европа.

Поврзани вести

Туристичко – угостителскиот сектор ќе добие 7,5 милиони евра

msp-admin

Најголемиот стартап од Балканот дебитираше на Волстрит

Влатко Зорба

МБА: Сте банки и штедилници интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на своите клиенти

msp-admin