СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Мнучин: Администрацијата на Трамп ќе ја провери понудата на „Оракл“ за „ТикТок“

Американскиот секретар за финансии, Стивен Мнучин денес изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја провери понудата на „Оракл“ за купување на американските операции на „ТикТок“, со што на тој начин би била во сопственост на компанијата со седиште во САД.

Мнучин за американската телевизија Си-Ен-Би-Си изјави дека американската влада има целосна доверба во компаниите „Мајкрософт“ и „Оракл“, што „ТикТок“ ги има предвид како потенцијални купувачи, пренесува „Гласот на Америка“.

Администрацијата на Трамп даде рок на кинеската компанија „Бајтденс“, сопственик на апликацијата „ТикТок“, до 20 септември да постигне договор за продажба или прекинување на деловната активност во САД.

Сепак, и покрај загриженоста за „ТикТок“, бројот на корисници во САД се зголемува. Според податоците на американската компанија „Веризон“, бројот на корисници е зголемен за повеќе од 300 милиони од март досега.

Потенцијални купувачи на „ТикТок“ се две американски компании – „Мајкрософт“ и „Оракл“.

Судбината на „ТикТок“ зависи од тоа како ќе реагира на роковите утврдени од администрацијата на Трамп.

Во последниве месеци, таа апликација стана центар на напнатост во односите меѓу САД и Кина, имајќи предвид дека американската администрација го обвини кинескиот сопственик на „ТикТок“ дека е во сојуз со кинеските власти, пренесува „Гласот на Америка“.

„ТикТок“ ги отфрли обвинувањата.

Поврзани вести

Попривлечни работни места за да се спречи одливот на квалификуван кадар

msp-admin

Дали преку ноќ треба да го гасите компјутерот кога работите од дома?

msp-admin

Дали женските лидери се поуспешни од мажите во време на корона?

msp-admin