СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Morgan Stanley: Apple TV+ ќе стане бизнис од 9 милијарди долари до 2025 година

Растот на бизнисот за услуги на Apple ќе достигне 20% следната година, поттикнат од новата платформа за стриминг Apple TV+, според аналитичарот на Morgan Stanley, Кејти Хуберти, цитирана од CNBC.

Apple TV + е услуга за стриминг што ќе биде објавена во ноември и ќе чини 4,99 долари месечно за пристап до оригинални ТВ-емисии и филмови. Apple ќе понуди едногодишна бесплатна употреба на секој што ќе купи нов производ, како што е iPhone или iPad.

Предвидениот успех на Apple TV +, како и довербата на Morgan Stanley дека продажбите на iPhone ќе се вратат кон раст, штом циклусот за замена на паметните телефони го достигне својот врв, се причините зошто Morgan Stanley ја зголеми својата прогноза за цената на акциите на Apple од 247 до 289 долари. Ова е моментално највисока проценка кај 33 аналитичари што го покриваат Apple, според податоците на FactSet.

Хуберти е оптимист за растот на Apple TV +, дури и ако само мал дел од луѓето кои добиваат бесплатна година на крајот ќе започнат да плаќаат за претплата после тоа.

„Со огромна цена од 4,99 долари месечно и широко распространета првична дистрибуција до клиентската база на Apple преку бесплатната понуда за годинава, проценуваме дека Apple TV + би можел да се претвори во бизнис од 9 милијарди и 136 милиони претплатници до фискална 2025 година, под услов само еден на секои 10 корисници на Apple до тогаш да плаќа за услугата“, напиша Хуберти.

Apple TV + влегува во конкурентен пазар. Disney се подготвува да ја лансира својата нова услуга за стриминг само неколку дена по Apple, а NBCUniversal планира своја платформа за стриминг наречена Peacock. Од своја страна, AT&T WarnerMedia ќе ја започне својата услуга под брендот HBO. Netflix е актуелен лидер на пазарот со над 158 милиони претплатници ширум светот.

Поврзани вести

Белгија има стратешка улога во производството на вакцини

Влатко Зорба

Коронавирусот ги открива ограничувањата на вештачката интелигенција во здравството

msp-admin

Голем пораст на бројот на станици за полнење на е-возила во Германија до 2030 година

Влатко Зорба