СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

На овие седум македонски компании добивката им се мери во милијарди

Седум компании од нашата земја во текот на минатата година успеале да остварат добивка изразена со 10 цифри.

Предводник на оваа листа е Стопанска банка АД Скопје со добивка од 2.371.129.000 денари. Потоа следуваат: НЛБ Банка (1.849.918.000 денари), Комерцијална банка (1.826.825.000 денари), Македонски Телеком (1.505.395.000 денари), Цементарница Усје (1.273.373.148 денари), Мермерен Комбинат Прилеп (1.237.782.000 денари) и Алкалоид (1.015.318.000 денари).

Според податоците на Македонска берза, во текот на минатата година, од 97 котирани компании, 74 оствариле позитивен финансиски резултат во вкупна вредност од 14.666.454.267 денари. Останатите 23 компании, 2019-та година ја завршија со вкупна загуба од 980.207.984 денари.

За споредба, една година претходно, 99 компании што котираат на Македонска берза, 76 компании прокнижија вкупна добивка од 14.701.143.430 денари, додека 23 компании работеа со загуба од 1.137.334.428 денари.

Поврзани вести

Американска нафта пристигна во Белорусија

msp-admin

ЕБОР донира 77,6 милиони евра за подобра инфраструктура на Западен Балкан

msp-admin

Европски технолошки компании ги обвинуваат САД дека ги користат санкциите за да ги држат подалеку од кинескиот пазар

Влатко Зорба