Со бумот во развојот на електрични возила и изградба на гигафабрики за литиумски батерии, во кои е во водство компанијата „Тесла“, цените на овој хемиски метал, почнаа да скокаат.
Слично на она што се случува со скокот на цените на недвижностите, на пример, масовната побарувачка диктира тренд на раст. Од друга страна, понудата очигледно не е доволна. Ова е токму она што се случува во светот на литиумот.
Имено, вториот по големина производител на литиум во Чиле – „Albemarle Corp“. – предупреди пред неколку месеци дека глобалните резерви на литиум „истекуваат“ во наредните години, доколку цените останат ниски.
Најголемата компанија за рударство на литиум во светот, Jiangxi Ganfeng Lithium, со пазарна капитализација од 19 милијарди долари, вели дека цените на литиумот ќе продолжат да растат сè додека производството се бори да „држи чекор“ со побарувачката.
Кинеската компанија има „пристоен“ кредибилитет, според РТ. Меѓу неговите клиенти спаѓаат водечките производители на е-возила како „Tesla“ од САД, како и „BMW“.
„Jiangxi Ganfeng Lithium“ објави нето приход од 1,025 милијарди јуани или 156 милиони долари во 2020 година, што претставува огромно подобрување. Инвеститорите, исто така, почнаа да се свртуваат кон литиум, токму поради неговиот потенцијал.
Цените на литиум карбонат досега се зголемија за 67 проценти во 2021 година и 224 проценти во последните 12 месеци, најмногу поради доцнењето во проширувањето на литиумските проекти во Јужна Америка. Ова се очекува да ја забави краткорочната испорака и да ги подобри цените, според водечка кинеска компанија.