СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

НЛБ размислува за проширување во Албанија

Групацијата НЛБ има амбиции за натамошно ширење во регионот, со цел за преземање или партнерство со банка во Албанија, и за што ќе се одлучува смислено, внимателно и мудро, се вели во почетната презентација на деловните резултати на словенечката банкарска групација.

Водечките луѓе на НЛБ очекуваат дека процесот на преструктуирање и целосна интеграција на Комерцијална банка во словенечката банкарска група ќе заврши во 2022 година и проценуваат дека со оваа аквизиција НЛБ е на пат да стане водечка финансиска институција во регионот на Југоисточна Европа .

Тие предвидуваат дека позитивниот синергетски ефект од спојувањето на Комерцијална банка ќе изнесува околу 20 милиони евра годишно од 2023 година натаму.

На прес-конференцијата беше речено дека со преземањето на Комерцијална банка на крајот на декември 2020 година, билансот на состојбата на Групацијата е зголемен за 4,3 милијарди евра, со што вкупните средства на НЛБ се зголемени на скоро 20 милијарди евра.

Од НЛБ соопштија дека имаат многу амбициозни планови во Србија, чија економија, како што беше речено, е во одлична состојба со најмал пад на бруто домашниот производ во пандемиската година од само 1,5 процент и чиј пазар има голем потенцијал.

Поврзани вести

Донација за Проект Среќа од компанијата Жито Лукс

Берта Китинска

Huawei се искачи за 42 места на листата на BCG на најиновативни компании

msp-admin

Тесла привремено го прекинува производството во Калифорнија?

Влатко Зорба